Глетка која ретко се гледа: Путин и Лукашенко скијаат на Красна Полјана (ВИДЕО)

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Глетка која ретко се гледа: Путин и Лукашенко скијаат на Красна Полјана (ВИДЕО)

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко после разговорите во Сочи, заминаа на скијање во Красна Полјана.

Лукашенко веќе неколку дена е во работна посета на Русија, а после долгиот состанок со неговиот руски колега Владимир Путин, двајцата лидери заминаа на скијање за „да се одморат после работниот ден“.

Лидерите на Русија и Белорусија често го поминуваат времето на овој начин – двајцата заедно беа на скијање и во 2019-та година кога им се придружи и синот на белорускиот претседател, Николај Лукашенко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата