Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, во 24 Анализа на ТВ 24 истакна дека иако владата толку се фали со петтиот пакет на мерки сепак од него ни „П“ нема, и дека власта оваа недела не планира да има седница за овој пакет мерки.

– Јавноста треба да знае дека тоа што се случува во правосудството, тоа што се случува во другите сектори се случува и во економијата бидејќи секој веќе знае дека петтиот сет на мерки пакет само што не почнал да функционира, дури ми се јавуваат луѓе да ме прашуваат кога почнува да функционира, но да ја известам јавноста дека до денес до 15:30 часот до Собранието на Република Македонија нема пратено ништо од петтиот пакет на мерки, рече Пренџов.

Тој додаде дека како тргнале од власта повеќе од месец дена нема да има од петтиот пакет на мерки.

– Реалноста е дека тие нема да почнат и дека реалноста воопшто не е таква како што се прикажува од страна на власта.

Тој додаде дека странските инвестиции се два напред, три назад, односно дека имаме два потпишано нови договори на странски инвеститори, а три си имаат заминато. Значи две носиме, а три си одат од Република Македонија.

– Јас само ќе потсетам дека во моментите кога се носеа тие странски инвестиции, кога беа реални и кога се градеа тие фабрики,  главни критичари на тие плати кои што тогаш ги земаа беа СДСМ, а денеска гледаме дека едно релативизирање дека за 1 процент била зголемена платат или била намалена. Во Република Македонија се живее тешко и ние имаме 57.039 нови невработени, и имале 6214 фирми помалку оваа година, и имаме некаде околу 140.000 граѓани кои што имаат намалени плати, кажа пратеникот Пренџов.