СТОЈАНОСКА: Заев е политичар со најмногу лаги за вакцините и со едно големо шоу со подарените

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТОЈАНОСКА: Заев е политичар со најмногу лаги за вакцините и со едно големо шоу со подарените

На лагите на Заев им нема крај, a токму тие лаги, таа неспособност и незаинтересираност на Заев и Филипче чинат животи!

Ова го изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со секојдневните ветувања на вакцини од разни страни, од страна на премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче, додека во Македонија досега не е пристигната ниту една доза освен пакетчето подарени од Србија.

– Заев е единствен политичар кој кажал толку лаги во врска со набавка на вакцини. Заев е единствен политичар кој не направил ништо за да набави вакцини против корона. Единствено е шоуто при преземање на нешто повеќе од четири илјади дози на вакцини од Србија. И продолжува играта со лаги, единствен терен на Заев и Филипче. Прво вели не ни требаат уште вакцини ќе се доведеме во ситуација да има премногу вакцини, да има неколку милиони?! Второ, за 24 часа истиот тој Заев вели дадов налог за набавка на руски вакцини. Дополнително на сето ова, Заев и Филипче во декември минатата година одбиле руски вакцини?! Одбиле вакцини, а немале договорено тајминг за никакви вакцини. Ова не е прашање на погрешни проценки, ова е веќе прашање на немање проценки. Ова кажува дека во главите на Филипче и Заев се само провизиите. И во сите земји вакцинацијата против корона стартуваше крајот на декември, во Македонија крајот на февруари. И бројката на заболени повторно почна да се зголемува. Бројка на починати надмина три илјади. За ова виновни се Заев и Филипче! За ова Заев и Филипче треба и мора да одговараат, изјави Стојаноска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата