Полицијата трага по мистериозен маж кој става пари во поштенски сандачиња

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата трага по мистериозен маж кој става пари во поштенски сандачиња

Полицијата во Велика Британија трага по маж кој става пари во поштенски сандачиња. Жителите на Фром во Самерсет пријавиле дека некој им остава пари и пораки, заради што полицијата почнала со истрага, пренесува Мирор.

– Добивме пријави за маж кој става пари низ квартот. Сакаме да разговараме со него и да откриеме зошто го прави ова, рекле од полицијата.

Мештаните почнале да ја исмејуваат полицијата затоа што истражува „очигледен потег на добрина“. засега не е познато за колкава сума се работи, но граѓаните се категорични дека денес добрината е ретка појава и дека треба да бидат среќни што воопшто постојат такви луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата