Колку скопјани имаат стекнато антитела од Ковид-19?

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колку скопјани имаат стекнато антитела од Ковид-19?

Со цел да се утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот ковид-19, стартуваше истражувањето на научно-истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.

Денеска во Општина Карпош биле земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг, односно од вкупниот примерок за испитување на отпорноста на ковид на ниво на Град Скопје.

Стручниот тим од Институтот ќе продолжи со ова истражување и во другите скопски општини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата