Фејсбук заминува во историјата? Нова платформа го полуде светот

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фејсбук заминува во историјата? Нова платформа го полуде светот

Најновата и најинтересна платформа во моментов – Clubhouse , полека започнува да го зголемува бројот на корисници. Иако сè уште е само ексклузивно на iPhone, последниве две недели Clubhouse го удвои бројот на корисници.

Впрочем, оваа нова мрежа е и новата „играчка“ на Илон Маск.

Станува збор за релативно непозната апликација која се стреми да биде нова глобална социјална мрежа. Но откако Илон Маск се појави на неа, бројкот на корисници се зголеми двојно но се зголеми и вредноста на нејзиниот капитал – сега вреди повеќе од милијарда долари, иако технички сè уште е во бета фаза и не е широко достапна за масата.

Впрочем, оваа апликација е фокусирана на аудио, наместо на видео, фотографии и текстуални пораки. „ClubHouse“ е опишана како комбинација на радио, конференциски повик, аудио разговор и подкасти во живо.

Дополнителен трик е што да се приклучите на овој Клуб, некој мора да ве покани, што на целата приказна и дава аура на ексклузивност.

Желбата на масата да влезе во „ClubHouse“ по посетата на Илон Маск се зголеми толку многу што поканите се продаваат преку „Редит“, „Крегс лист“, „е-Беј“ и „Алиекспрес“ по цени кои во моментов надминуваат 60 долари.

Друг проблем е што апликацијата во моментов е достапна само за корисниците на iPhone. Доколку не се поканети, корисниците можат да го преземат и да го внесат своето име на списокот на чекање, додека корисниците на Андроид можат да чекаат само да им се овозможни преземањето.

Овој „клуб“ е основан во март 2020 година, на почетокот на пандемијата, од Пол Дејвидсон од Роан Сет (поранешен вработен во Гугл), претприемачи од Силиконската долина, а до мај тие успеаја да соберат нешто повеќе од 1.500 корисници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата