Маж од Бурџес Хил во Англија и се предал на полицијата за да лежи затвор бидејќи повеќе не можел да издржи во во карантин со неговото семејство.
Како што беше соопштено тој живеел со неговите родители, сопругата и ќерката, а како што изјавил на полицијата, „главата му се скршила“ од постојаните расправии и звукот на работата на жените.
– Дојдов да се предадам на полицијата. Како повод, ќе покажам што украдов од продавница. Сакам да бидам во затвор и да спијам во мир и тишина, рекол човекот.
Инспекторот Дарен Тејлор од Сасекс објасни како го видел случајот.
– Мир и тишина! Бараниот маж му се предаде на нашиот тим вчера попладне откако не извести дека повеќе би сакал да се врати во затвор отколку да поминува повеќе време со луѓето со кои живее! Сега е во притвор и се враќа во затвор за да ја издржи казната до крај, напиша Тејлор.