Се нема избричено една година и нема тргнато ниедно влакно од телото

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се нема избричено една година и нема тргнато ниедно влакно од телото

Елдина Јагањац  живее во Копенхаген, Данска и одбива да ги депилира надусниците и веѓите.

31 годишната Елдина која е по потекло од Босна и Херцеговина е фрустриранa од фактот дека од жените се очекува да потрошат повеќе пари и време отколку мажите за одржување на нивниот изглед.

Таа вели дека решила да престане да ги чупа веѓите и да отстранува влакна од надусници и дека воопшто не и е грижа што другите мислат за нејзиниот изглед.

Сепак, таа признава дека постојано добива коментари од типот „издепилирај се“ но и дека често луѓето зјапаат во нејзините веѓи како да има „трета глава“.

Според неа, влакната на телото се благослов а нејзината животна цел не е само да се венча.

– Пред да дозволам да ми порасне една од веѓите, почувствував дека имаме исклучително ограничени можности за тоа како треба да изгледаат жените. Ако мажот не ги избричи или искуби веѓите, никој не забележува или коментира, и тоа не е ништо невообичаено. Исто како и многу други жени, и самата научив нешто, вели таа.

 

Елдина и раскажува како порано не се чувствувала пријатно да излегува од дома освен ако не и се средени веѓите, или ако не и се избричени ​​нозете.

Но сега решила да фокусира на задачите и целите што треба да ги направи, а помалку на тоа како изгледа додека ги прави и дали на луѓето им се допаѓа тоа или не.

Кога таа престанала да ги средува веѓите и да ги вади „мустаќите“, нејзините пријатели го прифатиле нејзиниот нов изглед а имало и такви кои воопшто не ја забележале промената.

– Имав луѓе кои ми приоѓаа на улица и ми велеа дека е кул, додека имаше неколкумина кои ме исмејуваа. Да, неколку тинејџери викаа по мене на улица, но ништо важно. Мислам дека е тешко да се разберат родовите улоги додека сте тинејџер и додека растете, така што мислам дека кога жената ќе направи нешто што се смета за помалку женско, ги збунува тинејџерите, па тие дури и не можат да го разберат, објаснува таа.

 

Елдина и додава дека забележала како неколку возрасни мажи „зјапале“ во нејзините небричени нозе и веѓите како да има трета глава.

Елдина се чувствува посигурна од кога и да е затоа што не се плаши да се издвојува од толпата, но истакна дека луѓето треба да го прават она што е природно за нив.

– Правете што сакате и вистинските пријатели ќе останат со вас. Општеството наметна такви стандарди така што жените кои имаат влакна на телото се сметаат за помалку женствени. Во многу делови на светот, жените имаат повидлива и потемна коса и влакна и се принудени да го менуваат својот изглед за да бидат поженствени. За да бидеме визуелно прифатени, треба да потрошиме повеќе пари отколку мажите, и мислам дека тоа не е фер. Треба да си го поставиме прашањето: Зошто ние како жени сметаме дека отстранувањето на влакна е важно? Има толку многу поважни и поважни работи на кои треба да се фокусираме, а тоа сигурно не се влакна – тврди Елдина за „Сан“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата