Солскјер задоволен од Кавани, ќе му понуди нов договор

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Солскјер задоволен од Кавани, ќе му понуди нов договор

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер денес изјави дека клубот ќе разговара со уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани за продолжување на договорот.

„Можам само да кажам дека Единсон направи многу за нас, јас сум импресиониран од него и тој навистина добро се вклопи во тимот“, рече Солсјер, пред британските медиуми.

Кавани (34) дојде во клубот во октомври и потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година. Оваа сезона тој одигра 24 натпревари за Јунајтед, постигнувајќи седум погодоци.

„Ќе седнеме и ќе разговараме со него наскоро, секако ќе ги видиме и неговите планови“, додаде Солскјер.

На вчерашниот натпревар во Торино против Реал Сосиедад во Лигата на Европа, Кавани не настапи поради повреда на мускулот.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата