Виси мечот Лацио – Баерн во ЛШ! Баварците мораат во карантин?

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виси мечот Лацио – Баерн во ЛШ! Баварците мораат во карантин?

Мечот меѓу Лацио и Баерн во рамките на 1/8-финалето во Лигата на шампионите е под знак прашалник дали воопшто ќе се одигра. Германската национална телевизија објави дека тимот од Минхен може да оди во карантин поради се поголем број случаи на коронавирус.

На Бенжамин Павар неодамна му беше дијагностициран КОВИД-19 и стана четвртиот играч од тимот кај кого имаше позитивен ПЦР тест.  Според изворот, одговорното одделение за здравство во Минхен сè уште не одлучило за воведување на можни мерки. Во тек се истраги за тоа дали заразените играчи имале контакт со лица од контакт категорија 1. За да влезе во оваа категорија, едно лице морало да биде во контакт со заразено лице повеќе од 15 минути без заштита на устата и носот. Откако ќе се разјасни оваа ситуација, ќе биде донесена одлука дали сите или на дел од играчите треба да бидат ставени во карантин.

Натпреварот помеѓу Лацио и Баерн е закажан за 23 февруари.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата