Свеќи и рози пред куќата на Балашевиќ: Луѓето спонтано се собираат

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Свеќи и рози пред куќата на Балашевиќ: Луѓето спонтано се собираат

Откако дознаа за смртта на легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, неговите сограѓани, жителите на Нови Сад, почнаа спонтано да се собираат пред неговиот дом.

Почитувачите на неговото дело палат свеќи и оставаат цвеќе во чест на Балашевиќ, пред неговата семејна куќа во Нови Сад.

Полицијата која е присутна единствено ги замолила присутните да ги почитуваат епидемиолошките мерки, да држат дистанца и да носат маски.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата