Со три гола во второто полувреме, фудбалерите на Фиорентина конечно ја прекинаа серијата лоши резултати во италијанската Серија А. Откако не успеаја да победат на последните три првенствени средби, „виолетовите“ најдоа начин како да ја запрат забрефтаната Специја, која до денешното гостување во Фиренца нанижа две победи во серија.

Душав Влаховиќ погоди по само три минути играво вториот дел за водство на „виолетовите“ од 1:0, а со голот на Кстровили во 64. минута Фиорентина веќе ја потврди победата.

Третиот гол кој беше дело на Ејсерик во 82. минута беше само печат на одличната игра на домашните.

 

sportmedia.mk