„Комити“ со поддршка за Вардар пред стадион (ВИДЕО)

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Комити“ со поддршка за Вардар пред стадион (ВИДЕО)

Навивачите на Вардар „Комити“, му дадоа поддршка на Вардар пред дербито со Пелистер. Тие вечерва пред стадионот „Тодор Проески“ со песни дадоа поддршка за „црвено-црните“ во пролетниот дел од сезоната кој за нив стартува со вечното дерби.

Вардарци најдоцна од сите ги почнаа подготовките за пролетниот дел, но навивачите се оптимисти дека клубот може да остане во прволигашката конкуренција, и потоа да дојдат подобри времиња, и нови шампионски денови за најтрофејниот.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата