Јаневски напиша историја со Олимпијакос Никозија!

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јаневски напиша историја со Олимпијакос Никозија!

Македонскиот стратег Чеде Јаневски го однесе својот тим во најдобрите 6 тима на Кипар со што екипата на Олимпијакос од Никозија за првпат во својата историја ќе се натпреварува во шампионската група на својата земја. Нашиот стратег и неговиот тим попладнево со 1:0 славеа над АЕК Ларнака во чии што редови настапија Иван Тричковски и Стефан Спировски. Со овој триумф и теоретски тимот на Јаневски го завери шестото место на табелата по 26.  кола по што првите шест тима ќе се борат за титула а преостанатите осум одат во лигата за  опстанок во елитата.

Јаневски пред неколку недели седна на клупата на Олимпијакос и со фантастичен скор од три победи, реми и пораз го однесе тимот од Никозија во елитната група.

Вреди да се напомене дека главен конкурент на Јаневски му беше славниот АПОЕЛ кој остана во долниот дел од табелата.

Олимијакос Никозија во изминатите години редовно водеше грчевита борба за опстанокот, често се селеше и во понизок ранг а еве сега е меѓу најдобрите 6 тима на Кипар.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата