Металург има само еден ден за подготовка за новиот европски предизвик. По гостувањето во Плоцк, тимот од Автокоманда утре (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги одмери силите со Чехвоски Медведи. Тренерот Оливер Димитриоски во изминатиот период не можеше да смета на сите ракометари, па шанса добија помладите играчи.

„Имавме две гостувања и не сакам да се повторувам во изјавите, приоритет ни е создавањето на нови играчи. Веќе имаме двајца нови потенцијални играчи кои треба да си ја добиваат својата шанса на првенствените натпревари. Од натпреварите во Плоцк можам да кажам дека сум делумно задоволен. Задоволен сум поради искуството кое го собраа ракометарите, сепак, за некои ракометари ова е големо да се игра против такви екипи и не може да им се замери за поразите. мавме само 12 часа за одмор по враќањето од Полска, поради одложеното враќање. Направивме анализа и ќе нагласам, резултатот не ни е приоритет. Ако ние успееме да ги добиеме овие играчи, дај Боже, во иднина да станат и репрезентативци, тогаш ние сме добиле многу. Не како Металург, туку како македонски ракомет“, изјави Димитриоски.

Добра вест за Димитриоски е што во составот се враќаат Марко Тарабокија и Мице Шилегов, па ротацијата ќе биде поголема.

„И Очекувам борба, да бидат играчите уште послободни во играта и сето тоа што го знаат, да го покажат на терен. Од играчите, не се уште подготвени Хорват, Лазаревски и Тодевски, а ќе се вратат Тарабокија и Шилегов, кој има срце планина и кажа дека сака да помогне, иако има повреда која уште ја влече“.

sportmedia.mk