Сопственик на романски клуб осуден на пет години затвор апсен на аеродром (ВИДЕО)

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственик на романски клуб осуден на пет години затвор апсен на аеродром (ВИДЕО)

Сопственикот на романскиот клуб Астра, Јоан Никулае, е уапсен денеска на аеродром во Букурешт, после пресудата на пет огидни затвор поради корупција, перење пари, пишуваат романските медиуми.

Романските власти го осудиле овој поранешен милијардер на пет години затвор, а кога полицајците дошле во неговата резиденција за да го спроведат во затвор, тој не бил дома, и веднаш распишале потерница.

Вечерта романскиот бизнисмен се јавил од Милано и порачал дека нема да бега од законот, и дека ќе се врати во Романија во петок, со што тоа се случило, и тој веднаш бил уапсен на аеродромот во Букурешт и спроведен во полиција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата