ГО ПОЗНАВАТЕ ЛИ ОВА СРАМЕЖЛИВО МОМЧЕ? Цела ЈУ ги пееше неговите хитови, сега открива како доспеал до врвот

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГО ПОЗНАВАТЕ ЛИ ОВА СРАМЕЖЛИВО МОМЧЕ? Цела ЈУ ги пееше неговите хитови, сега открива како доспеал до врвот

Хари Мата Хари е еден од најпопуларните пејачи на забавна музика од просторот на бивша Југославија, а некои негови најголеми хитови се песните “Лејла“, “Азра“, “Прстен и златен ланец“ или “Страв ми е да сакам“.
За приватниот живот ретко зборува пред медиумите, а сега на социјалната мрежа Инстаграм поделил фотографија од детството.

“Семејството е компас кој нас не води. Тоа не инспирира да ги достигнеме големите висини, и не теши и кога паѓаме“ Бред Хенри“, напишал на фотографијата Хари на која е тој со сестрата и мајката.

Да потсетиме, пред прославување на својот 60. роденден ја отворил душата за Курир и раскажал дел од својот живот од најраното детство.

“На свет сум дошол 16. јануари 1961 година како второ дете на Рауф, механичар, и мајка Злата, која работела на благајна. Најинтересно доживување во моето детство е врзано за моето раѓање, бидејќи таткоми ме украл од болница.

Прво што паметам беше звукот на виолината, севдалинска носија и полна куќа со луѓе.
Мојот дедо Мухамед Ага Варешановиќ беше прочуен пејач на севдалинки, пораснав покрај неговата виолина и сметам дека тој ми ја пренесе искрената љубов спрема музиката.

Кога и да се собереше целото семејство, ме ставаа на калиева печка да слушаат и гледаат чудо од дете бидејќи пеев севдалинки и редовно правев шоу-програма.

Некогаш во нашата куќа атмосверата беше како во филот “Ивкова слава“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата