Бланка Влашиќ ја заврши кариерата

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бланка Влашиќ ја заврши кариерата

Носителката на сребрен и бронзен медал од Олимписките игри и четирикратна светска шампионка во скок во височина Бланка Влашиќ објави крај на кариерата.

„Ми зборуваа да се откажам уште и пред ОИ во Рио. Тогаш освоив бронзен медал, а го освоив со една здрава нога. Тоа натпреварување извлече се од мене. Ги поминав сите фази на тагување и дојде време да кажам ДОСТА.  Годините после Рио донесоа бројни рехабилитациски третмани, надеж, па разочарување и така во недоглед. Сега е време да се посвета на новите предизвици во животот“, изјави хрватската спортистка.

Влашиќ освои сребро во Пекинг 2008 и Рио 2016, како и четири злата на СП 2007, 2009, 2011 и 2015, како и злато на ЕП 2010.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата