Панонскиот морнар замина на последното патување!

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Панонскиот морнар замина на последното патување!

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес во 67 година од животот. Тој пред три дена бил примен на лекување на Инфективната клиника каде се лекуваше од воспаление на белите дробови.

Пред неколку дена извор близок до семејството открил дека Балашевиќ се чувствува добро и дека се шегува со лекарите, но по последните информации тој починал во болницата во Нови Сад.
Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад.
Во 1977 година станув дел од акустичната група „Жетва“ со која истата го снима хитот „У раздељак те љубим“ и го остварува својот прв успех. Синглот е продаден во повеќе од 180 000 копии, што бил голем успех за југословенските стандарди.
Во почетокот на 1982 година почнива соло кариера со албумот „Паб“. Во Тв-серијата „Поп Киро и поп Спиро“ го толкува ликот на берберот Шаце. Следната година прв го полни белградски Сава центар.  Следува плочата „Целовечерњи the Kid” снимена во 1983. Насловната е снимена на англиски и е инспирирана од фолклорот на Мексико. Во 1985 го снима албумот „003“ на кој се истакнала темата „Словенска“.
Со следниот албум „Бездан“ формира екипа која во иднина ќе му биде редовна студиска и концертна поддршка. Често вели дека најплодниот период му почнува токму со овој албум. Следниот „Панта реи“ го следат исклучително лоши критики, но сепак од него се издвојува баладата „Једном“…
Следната плоча „Три послератна друга“ бележи голем успех и на неа се наоѓа неговата најубава балада „Д-мол“.

Во времето кога почнуваат воените случувања во СФРЈ во 1991 година на пазарот се појавува албумот „Марим ја“… кој останува запаметен по исклучително добрите текстови, носталгичните ноти и песните „Неверник“, „Дивљи бадем“, „Рингишпил“…

Таа иста есен имал своја колумна во Радио-ТВ Ревија во која прави остри критики за сите актуелни претежно политички случувања. Воените години ги поминува далеку од очите на јавноста, одбегнувајќи ја мобилизацијата. Кон крајот на 1993 излегува албумот „Један од оних живота“, кој излегува во време на тешка економска криза, а песните се инспирирани од воените трагедии.

После подолга пауза во 1996 излегува слендиот материјал со наслов „Напослетку“.

Во 1997 година го објавува вториот роман кој добива исклучително добри критики. Во 2000, пак, го објавува политичкиот албум со наслов „Деведесете“, и на него тој дава јавна осуда на едно време, едно изгубено време, за една генерација… На овој албум остана забележана темара „Живети слободно“ која воедно претставува химна на петтоктомвриските промени во кои тој имаше активно учество.

Кон крајот на 2001 издава љубовен албум „Дневник старог момка“ кој и го посветува на сопругата Оља. Секоја од 12 нумери има женско име, а од комбинацијата на почетните букви на имињата на песните се добива „Оља је најбоља„. Во 2004 го издава материјалот насловен по својата прва група „Рани мраз“.

Панонскиот морнар, како што го нарекуваа, зад себе ги остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата