МАЛКУ СЕ ЗАНЕЛЕ! Прво партнери пред камера, па љубовници

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАЛКУ СЕ ЗАНЕЛЕ! Прво партнери пред камера, па љубовници

Многу луѓе љубовта на својот живот си ја нашле на работа. Истото очигледно важи и во Холивуд, зашто многу познати двојки се ’споиле’ за време на снимањето на повеќе или помалку познати остварувања. Некои од нив се заедно, во брак, а некои се минато…

Бред Пит и Анџелина Џоли

Бред и Анџелина играа маж и жена во акционата комедија „Господин и госпоѓа Смит“ (2005). Токму на снимањето на овој филм станаа пар, а подоцна и се венчаа. Бракот им траеше од 2014 до 2019 година.

Том Круз и Никол Кидман

Филмот „Денови на грмотевицата“ (1990) на Том Круз му ја овозможи да ја запознае својата идна сопруга Никол Кидман, со која и во филмската приказна имаше романса. Бракот им траеше 11 години, до 2001.

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз

Тие се во среќен брак од 2010 година. Нивното познанство кое датира од 1992 година, во врска прераснало дури откако заедно играле во филмот „Вики Кристина Барселона“ од 2008.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Филмот „Зелен фенер“ (2011) беше големо промашување, но сигурно им останало во убаво сеќавање на главните актери со оглед на тоа дека од тогаш се неразделни. Двојката денес има три деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата