Хари и Меган остануваа на нивниот став- ја известија кралицата дека не се враќаат во кралското семејство

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хари и Меган остануваа на нивниот став- ја известија кралицата дека не се враќаат во кралското семејство

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган и објавија на кралицата Елизабета Втора дека нема да се вратат во кралското семејство како „активни членови“, соопшти денеска Бакингемската палата.

Активни членови на кралското семејство се оние кои добиваат паричен надоместок кога го претставуваат семејството, наспроти оние кои не се сметаат за доволно важни да бидат платени за тоа.

Хари и Меган, кои објавија дека очекуваат уште едно дете во неделата, го шокираа кралското семејство минатата година кога објавија дека ќе престанат да ги извршуваат своите кралски должности, потсетува Ројтерс.

– Жалиме за одлуката на војводата и војвотката, тие ќе останат сакани членови на семејството – беше наведено во тогашното соопштение на Бакингемската палата, со образложение дека нивните почесни воени чинови и почесни покровители ќе бидат вратени на кралица.

Портпарол на кнежевската двојка рече дека остануваат посветени на службата.

– Како што можеше да се види во текот на минатата година, војводата и војвотката од Сасекс остануваат посветени на должностите и службите на Велика Британија и нудат континуирана поддршка на организациите што ги претставуваат, без оглед на кралскиот статус – рече портпаролот.

Пред неколку дена, во шоуто на Опра Винфри, беше објавено дека Хари и Меган ќе го „скршат молкот“ на 7 март за нивното заминување од Бакингемската палата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата