ОН: 1,3 милион луѓе се раселени во Сомалија во 2020 година

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН: 1,3 милион луѓе се раселени во Сомалија во 2020 година

Канцеларијата на ОН за хуманитарни работи во четвртокот соопшти дека речиси 1,3 милион луѓе биле раселени во Сомалија во 2020 година, пренесува „Анадолија“.

„Од вкупно 2,9 милиона внатрешно раселени лица во земјата, 1,6 милион се најранливи и ќе им треба хуманитарна помош во 2021 година“, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).

Во 2021 година хуманитарните партнери во Сомалија планираат да им помогнат на 3,1 милиони најранливи Сомалијци, вклучително и еден милион деца помали од пет години, со борба против гладот, акутната неисхранетост, здравствените закани и епидемиите.

Катастрофите поврзани со климатските промени, особено поплавите и сушите, се зголемија во земјите на Африка. Во 2020 година поплавите погодија два милиона луѓе. Во ноември циклонот Гати влијаеше на 120.000 луѓе во сомалискиот полуавтономен североисточен регион Пантленд.

Во понеделникот сомалиската влада и ОН апелираа за 1,09 милијарда долари помош на Сомалијците, на кои им е потребна хуманитарна помош во 2021 година.

Федералната влада на Сомалија и OЦХA го почнаа планот за хуманитарен одговор од 2021 година во Могадишу за да им помогнат на 4 милиони луѓе од 5,9 милиони, на кои им е потребна помош, вклучително и раселените лица, заедниците-домаќини и бегалците.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата