“КАКО ДА ДЕВОН ИМ Е СМРТНА ПРЕСУДА“! Mилош Бојаниќ распалил по семејството на МИРОСЛАВ ИЛИЌ

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“КАКО ДА ДЕВОН ИМ Е СМРТНА ПРЕСУДА“! Mилош Бојаниќ распалил по семејството на МИРОСЛАВ ИЛИЌ

Милош Бојаниќ во последното интервју го изнел своето мислење за сутскиот спор кој Мирјана Антоновиќ години наназад го води со Мирослав Илиќ поради докажување на татаковство.

– Никогаш нема да го сватам ставот на Мирослав Илиќ. Па кога јас би дознал дека имам вонбрачен син во Америка, јас би го препливал океанот и да одам да го видам. Нема сила која би ме спречила за детето да бара, а јас да не сакам да го признаат – изјавил пејачот за Стар.

– Па јас со тој син би се сликал во сите весници да го покажам и да го запишам на листа за наследници. Еј, некој кој не го признава своето детге, тоа за мене нема врска со животот. Па и Маринко Роквиќ го признал вонбрачниот син.

– Мирослав Илиќ е таков, а тоа зборува за него. Не е тоа кола или некој предмет туку живо човек. И јас сум сведок на љубовта на Мирослав и Мира. Многупати седевме заедно на пијалок и разговаравме – додава Милош.

– Жената беше во врска со него, тоа сите го знаеме. А Мирослав и понатаму бега, во суштина тој бега од самиот себе. Велат дека влијанието на семејството е виновно, па и тие негови деца би требале да бидат горди што имаат уште еден брат – смета Бојаниќ.
– Тие се однесуваат како да Девин им е смртна пресуда. Навистина не ги разбирам. Единствено ако несакаат да го делат имотот со тоа дете, бидејќи сепак на крај се се врти околу тоа – заклучил пејачот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата