На Панчо конечно му се оствари сонот да има 20000 следбеници на Инстаграм, и тоа како што си е ред го прослави.

Мала, ама гламурозна забава сосе балони, друштво, видео… Како вистински инфлуенсер.

Шегата на страна видеото го искористи да ги „опее“ самопрогласените инфлуенсери и оние кои живеат лажен живот, а воедно можноста ја искористи да ги предупреди сите за последиците по здравјето, она менталното.