Српската православна црква денес го доби 46. патријарх, др Профириј Периќ

Новиот патријарх го наследи починатиот патријарх Иринеј, кој “овој свет“ го напушти на 19. ноември, а од кога е избран новиот патријарх, припадниците на православната вероисповед љубопитни се да ги дознаатсите детали за новиот поглавар.

Имено, новоизбраниот патријарх со крстење го добил името Православ, со што се поставува прашањето од каде новото име – Профиреј.

Самото име Профиреј е од грчко потекло и значи црвена боја, пурпурна и календарско име. Меѓутоа, во православните кругови постои таква традиција, како на пример, името треба да започнува со иста буква со кое започнало и светото име.

Поточно, Православ е името на патријархот кога се родил, а Профиреј му е доделено, а тоа значи првата буква морала да биде иста.