Лазаров: Економските односи со Бугарија да бидат мотор во процесот на дијалог

18.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лазаров: Економските односи со Бугарија да бидат мотор во процесот на дијалог

Кирил Лазаров – Претседател на Македонско – Бугарската стопанска комора

„Со задоволство сакам да ве известам за вчерашната успешна средба која ја имав со специјалниот преставник во преговорите со Бугарија, професорот Владо Бучковски и со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук.

Па така од позицијата претседател на македонско-бугарската стопанска комора ја потенцирав важноста дека ако сакаме да имаме цврсти, принципиелни и братски врски со соседна Бугарија, тие врски пред се мораат да почиваат на економски темели и бизнис политики односно да создадеме силен динамичен инвестициски циклус и да успееме да развиеме проекти од стратешко економско значење за двете држави. Едноставно нема да може да имаме стабилни политички врски ако немаме солидни економски врски.

Имено, економските односи не смеат да застанат и во никој случај не треба да бидат заложнички фактор на политичките и дипломатските процеси на двете држави, напротив, тие треба да бидат моторот кои ќе ги придвижат процесите и да бидат своевиден пример дека ние сакаме и мораме да соработуваме од блиску, и одтаму сакав да ги промовирам можностите на економската дипломатија, и преку одредени сугестии што ги имаме како стопанска комора да се обидеме да ја наметнеме економската агенда која ќе даде само додадена вредност и значителен придонес во нашите односи.

Од нас како бизнисмени и од едната и дргата страна зависи колку ќе ги зближиме нашите граѓани, и јас мислам дека преку брзи автопати, експресни патишта, преку гасоводи, преку железнички и инфраструктурни проекти и преку нови гранични премини практично многу побрзо ќе ги зближиме нашите народи , отколку со историски толкувања, но тоа го оставаме на политичарите, јас сум денес во друга мисија, а тоа е како преку една силна и динамична економска дипломатија да ги пробиеме бариерите и да покажеме зрелост дека бизнисот, економијата и инвестициите не смеат и не можат да бидат ставени под ризик од политиката, напротив ние треба да бидеме машината која ќе влече напред.

Имаме патоказ, имаме платформа и траекторија по која треба да се движиме и во суштина и самиот берлински процес тоа го наметна и стратешки го исцрта , а тоа е како треба да изгледа овој регион. Да потсетам дека минатата година ние и Бугарија, а под покровителство на Германија бевме домаќини на тој процес и во тој контекст ние имаме и одговорност овој стратешки економски концепт да заживее во југоисточна Европа, и на располагање ќе бидат десетици милијарди евра за развој на инфрастуктурата, коридорите и развивање одржливи енергетски проекти. Ќе биде штета ако не ја искористиме оваа можност.

Ги информирав и специјалниот преставник Бучковски и европратеникот Ќучук дека ние како држава го комплетиравме и завршивме граничниот премин Клепало, кој од Берово ќе се влегува во Бугарија, и нестрпливо чекаме бугарската страна да го заврши својот дел. Имав задоволство да ги реафирмирам сугестиите од комората за забрзување на сите започнати проекти како на пример ескпресниот пат кон граничниот премин Деве Баир кој е во градба, можноста за гасното поврзување Струмица – Петрич, железничка линија Ново Село – Петрич за можноста за соодветен извоз на земјоделски продукти, понатаму за можното експрено патно решение Ново Село – бугарска граница, а, зошто да не во иднина и автопат, за зголемување на стопанската размена и многу други идеи во економска смисла.

Секако, позитивна беше подршката која ни ја даде специјалниот преставник Владо Бучковски во однос на економската динамика која ја планираме и ја поздрави нашата иницијатива како комора да успееме да ја вратиме довербата на бизнисмените од двете држави преку економски политики

И, на крај ја искористив приликата од името на македонско-бугарската стопанска комора која во основа промовира Бизнис без граници на господинот Илхан Ќучук да му врачам Благодарница како резултат за постојаната поддршка што ја дава и ќе ја дава на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграција“

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата