Новата романска амбасадорка сака продлабочување на економската соработка со Македонија

17.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новата романска амбасадорка сака продлабочување на економската соработка со Македонија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со новата романска амбасадорка, Адела Монија Аксинте, со која разговараа за евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија и потенцијалната економска соработка помеѓу двете земји.

Амбасадорката Аксинте на средбата потсетила дека во оваа година е 20-годишнина од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, нагласувајќи дека на врвот од приоритетите во текот на нејзиниот мандат ќе биде токму продлабочување на економските односи.

Таа додала и дека Северна Македонија може да очекува целосна поддршка во евро-интегративниот процес од Романија, во секој можен аспект.

Вицепремиерот Битиќи посочил дека постои голем потенцијал за унапредување на соработката, потенцирајќи неколку сектори, како што се евентуални инвестиции во производстото од романски компании во земјата, но и можно учество на фирми од оваа земја во реализација на проекти од инфраструктурата, енергетиката, земјоделството.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата