Србија има речиси 1 МИЛИОН ВАКЦИНИРАНИ и над 300.000 ревакцинирани

17.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија има речиси 1 МИЛИОН ВАКЦИНИРАНИ и над 300.000 ревакцинирани

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓерлек рече дека според најавите, во Центарот „Белекспо“ во Нов Белград денес се планира да се вакцинираат 2.200 лица.

Тој изјави дека досега 946.000 лица во Србија се вакцинирани, и дека 306.332 се ревакцинирани.

– Во текот на денешниот ден планирано е уште 19.132 да ја примат првата доза на вакцина, а 50.252 да бидат повторно вакцинирани. Тоа значи дека денес ќе дадеме повеќе од 70.000 дози на на ниво на целата земја – рече тој за РТС

Тој додаде дека Србија завршила 80 проценти од првата фаза и 45 проценти од втората фаза на вакцинација.

Според приоритетите, доаѓаат на вакцинација од секторите образование, полиција, армија и има, како што вели, уште незавршена работа, но додава дека е многу важно Србија најверојатно да достигне милион дози уште денес.

– Сепак, не смееме да се опуштиме. Првата доза не е доволна, неопходна е, но сè уште повикувам на најстрого можно придржување кон анти-епидемиолошките мерки. Борбата против коронавирусот не е спринт туку маратон – рече Ѓерлек.

Тој очекува дека во понеделник во Србија ќе пристигнат 40.000 вакцини Фајзер, а како што вели, во март треба да пристигнат 125.000 дози на Астра Зенека.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата