Пожарникари: Нотр Дам нема да се урне

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарникари: Нотр Дам нема да се урне

Пожарникари кои се вклучени во гаснење на пожарот во катедралата Нотр Дам изјавија дека структурата на објектот е спасена и дека нема да се урне.

„Сега со сигурност можеме да кажеме дека структурата на Нотр Дам е сочувана од целосно уништување“, рекол извор за „Ројтерс“.

Претходно од противпожарната служба рекоа дека не се сигурни дали ќе успеат да го спречат огнот да се прошири на катедралата.

Катедралата гори повеќе од четири ипол часа, а густ црн чад се издига на небото над Париз. На мостовите во околината се собрани стотици Парижани кои со тага гледаат како гори симболот на Париз и Франција.

Во пожарот кој избувна во 18 и 50 часот се урна една кула и изгоре дел од покривот на катедралата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата