СТЕНОГРАМ: Она кога Стево утепа се бато САМ СЕБЕ (ПЛУС ВИДЕО)

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТЕНОГРАМ: Она кога Стево утепа се бато САМ СЕБЕ (ПЛУС ВИДЕО)

За Ердоган, доколку седнете на маса, а знаеме за неговите барања за сипорачување на Ѓуленистите, што би му рекле? Веќе е најавено дека може да стави вето за нашето членство во НАТО заради тоа.

- Две работи би му кажал на Ердоган: Тоа што они го бараат е легитимно, од нивен аспект, но ние имаме наши закони. Тоа што ќе го направиме како мерка, протерување, санкции, било што, не знам дали се наши или странски државјани, мора да биде во склад со нашите прописи, и второ: ние сме кандидат, чекаме преговори со ЕУ. И од таму имаат некои барања од типот на владеење на правото. Турција можеби е нашиот најсилен поддржувач за НАТО. Ние тоа мораме да го почитуваме. Меѓутоа, не можете да направие мерка која е спротивна на нашите интереси и да речеме ова не е во склад со македонските закони, ама да учиниме на некој друг. Бидејќи си ми пријател, очекувам и натаму да бидеме, но оваа држава има закони. Ако не се добри, ќе ги смениме. Не можете да донесете одлука која не е втемелена на закон. Ние нема да поминеме ни едно поглавје ако ги скршиме нашите закони.

Постојано велите дека меѓународното право пред политиката е немоќно. Во тој контекст, ако Турција стави вето на нашето членство во НАТО за да ги испорачаме Ѓуленистите, како тогаш ќе ги менувате законите?

- Ако реши да стави, ние на тоа не можеме да се спротиставиме.

Како да ја задоволиме меѓународната политика, големата слика?

- И Грција 2008 година не блокираше иако имаше билатерален договор во кој пишуваше дека смее да не блокира ако одиме под ФИРОМ. Значи директно го скрши меѓуанродното право и договорот кој ние го имавме со нив. Сила Бога не моли.

Како вие ќе постапите меѓу правото и реалполитиката?

- Јас секогаш сум бил за реалната политика, меѓутоа како Претседател и како граѓанин не можам да одам против домашната политика. Мора да ги почитуваме законите, ако нешто е спротивно на наш закон, па и по цена да бидеме блокирани. Не можеме да одиме туку така, да го кршиме нашиот закон, да постапуваме незаконски.

Тоа е и во вкупниот контекст и на прашањето за името. Сиљановска вели: Ако требаше да ни го снемат името за да не влеземе во НАТО, подоборо да не влезевме. Сега излегува дека вие го велите истото. Ќе бидете во ситуација да носите политичка, а не правна одлука.

- За името договорот со Грција, јас не мислам е скршен наш закон. Ние имавме порано БЈРМ ..

Не зборуваме за име, ние зборуваме за постапка за смена на законите и испорачување на желбите на Турција..

- Значи, ние можеме да смениме закони, ама тоа не може да оди контра државниот и националниот интерес. Јас со договорот од Преспа не сум помалку Македонец, ниту вие.

Не во тој контекст, велите ако треба да избереме дали ќе ги кршиме законите или ќе не блокира Турција, подобро да не блокура Турција. И сега сменивме име, дојдовме до ситуација за еден закон за испорачување на Ѓуленистите? Тоа е проблемот?

- Процедурата е почната, колку што знам, 13, 14, 15 слума и читам во медиумите дека се во процедура. Процедура значи дека има закон за таа работа и дека тие се влезени во законска процедура. На крајот, не можам да видам кој е надлежен веќе. Обвинителството ќе рече – и покрај тоа што законот не ни дозволува, ќе направиме вака или така..Инаку да повторам, со договорот од Преспа, ние не скршивме домашен закон да да речеш дека нашиот закон не ни дозволуваше промена на името. Немаше таков закон, изјави Пендаровски во Топ тема на ваша страна.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата