Вучиќ обезбедил 10 милиони дози вакцини: Се направивме сами, ништо не ни падна од небо!

15.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ обезбедил 10 милиони дози вакцини: Се направивме сами, ништо не ни падна од небо!

“Имаме потпишано договори за повеќе од 10 милиони дози вакцини а досега имаме добиено околу два милиони”, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.

Тој и истакна дека наскоро треба да пристигнат 41 000 дози од вакцината „Фајзер“, потоа вакцината Астразенека, а потоа 50 000 парчиња од втората доза на руската вакцина „Спутник В“.

Но, според него, Србија сè уште не добила вакцини од Ковакс програмата, туку се набавила сама, ништо не добила како подарок и ништо „не и паднало од небо“.

„Со сета благодарност до кинеските пријатели, британските пријатели, пријателите од ОАЕ и руските пријатели, успеавме да го овозможиме тоа“, рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија има вакцини и дека ќе има повеќе вакцини.Зборувајќи за производството на вакцината „Спутник В“ во Србија, тој рече дека руските експерти се задоволни од институтот „Торлак“ и дека Србија сака да произведе уште неколку вакцини и дека мора да се подготви за тоа инфраструктурно и стратешки

„Нашата проценка е дека можеме да произведеме 20 милиони дози, потребни ни се пет до шест милиони, а остатокот можеме да го продадеме во регионот“, рече Вучиќ за производството на вакцините „Спутник В“.

На прашањето за вакцините што Србија и ги даде на Северна Македонија, Вучиќ рече дека за тоа се потребни бројни дозволи, не само за вакцината на „Фајзер“, туку и за која било друга вакцина.

Тој рече дека дел од луѓето од Република Српска ќе бидат вакцинирани во Србија и ќе се види дали Србија може да им даде дел од вакцините, а се разгледува и можноста да и се помогне на Црна Гора по тоа прашање.Вучиќ додаде дека е направен обид да се скрие дека за време на пандемијата, Србија и помогнала на една земја на ЕУ, бидејќи се знае „кој може да помогне“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата