Ова е внуката на дедо Наум, НАУМ ПЕТРЕСКИ!

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е внуката на дедо Наум, НАУМ ПЕТРЕСКИ!

Внуката на фолк легендата Наум Петрески се роди пред околу еден месец и веќе почна да се фотка. Приновата во музичкото семејство го носи името Андреа, а мама и е најстарата ќерка на Наум, Анастасија која, исто така, се бави со музика и која е во брак со колегата и пејач на Биоритам Владимир Поповски.

Музичката двојка се сврши пред повеќе од една година на зимување, а сите церемонии поврзани со озаконувањето на врската поминаа без преголема врева и далеку од очите на јавноста. Под превезот на тајноста помина и бременоста, но убавата вест дека Наум стана дедо баш и не можеше да се сокрие и кон почетокот на минатиот месец прва ја откри тета Сања. 

„За тетка најсреќен ден! Добредојде Андреа“ - напиша таа на социјалните мрежи.

 

Андреа е прво дете на музичката брачна двојка, којашто се венча на почетокот на годинава, скоро една година по свршувачката. Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е неговата прва внука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата