Понеделнички

Етнички и етички

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Етнички и етички

Ние Македонците сме нација која старее и не успева да се менува. Се лажеме себеси, правиме фатални компромиси убедени дека некому посилен до нас конечно ќе му се допаднеме. И не им се допаѓаме. Напротив, презираат такви како нас.

Секоја генерација од 1991 до денес има донесено одлука со фателен компромис: татковците молчејќи им ги предадоа на олигарсите своите фабрики. И својата иднина со тоа, заедно со траумите на своите деца кај татковците губитници. Истите денешни комуњари во тоа време ги убедуваа нашите татковци дека со давањето на нивните фабрики во рацете на транзициските олигарси правиме одлучувачки чекор кон Европа, кон европското семејство, а инвеститорите со милијарди долари чекаат на граница да влезат.

Ниту еден инвеститор не влезе, а 220.000 луѓе заминаа на улица. Губитници на транзицијата кои доброволно гласаа за своите уништители. Родители кои пред очите на своите деца станаа предмет на сожалување и презир, наместо предмет на восхит и пример за живот.

Но, децении потоа, децата на транзициските жртви добија своја шанса.

Децата добија понуда, од истите комуњари: гласајте за двојазичност во сопствена држава, откажете се од државноста на Македонците за атер на етникум со неутврден процент кој веќе има две свои држави на Балканот. Ни Албанија ни Косово не се двојазични.

На децата на транзициските жртви им понудија: откажете се од сопствениот јазик, од својот идентитет, од своите роднини во Егејска и Пиринска Македонија. Бидете држава без македонска државност. Македонија, тое не е овде, некаде на друго место е. Македонци не сте вие, тоа се некои други. Или, такви веќе нема.

И истите ветувања: ако ова го прифатите Европа чека на нас, инвеститорите се на граница и само ја чекаат нашата одлука. Нема веќе да има иселувања, нема да има сиромаштија.

Децата на транзициските жртви ја прават истата грешка на своите родители. Фатална.

Мили мои млади, шетани, модерни, интернет информирани и ослободени... ништо не сте подобри од нас кои ги сметавте за лузери и глупи кои ги прегазила транзицијата. Фабрики се градат за деценија -две, некои од нас заебаните и наоѓаат работа но, нација не се гради. Барем не без векови и со крв по улиците и шумите. Вашите внуци, уште сега, ги осудивте на крв по шумите и улиците бидејќи ќе мораат да се борат Македонија да ја вратат назад.

А иселувањето: Од Хрватска 700.000, од Бугарија еден милион откако влегоа во ЕУ. Тие барем влегоа, а ние плативме со себеоткажување, а ни Е од Европа нема за нас.

Толку за етиката. Збор од забранетата Енциклопедија на Македонија. Да, во онаа која по барање на албанскиот фактор беше забранета и повлечена од продажба.

Така, сосема спонтано, од етичкото доаѓаме до – етничкото.

Истите кои за две години власт потрошија седум милијарди евра буџет, а ни дрво не засадија, ни кокошарник не изградија, сега бараат нова власт. Претседателска. Кандидат им е Стево Пендаровски, полицаец со кариера кој треба да биде трансформиран во демократ.

Во ниту една земја во Европа нема оперативен полицаец за претседател на држава. Освен во Русија, со Путин. Но, таа демократија не е баш нешто ценета во западниот свет кој е наша цел. Стево полицаецот ќе воведе демократија, веројатно на сила, како и се друго.

Целата кампања на Стево Пендаровски е вовлекување на Албанците. Македонците не се зона на негов интерес, можеби и затоа што неговата партија ги укина - Македонци нема.

СДСМ во коалиција со ДУИ наводно има околу два проценти, или околу 30.000 гласови предност пред Гордана Сиљановска. Еве и да е така, иако не е, тоа значи дека сам по сам СДСМ заостанува зад ВМРО ДПМНЕ најмалку 60.000 гласови без 90.000 гласови на ДУИ.

После сите тортури, местенки, нарачани обвиненија, специјални закони, пропаганда, апсења и понижувања... ВМРО ДПМНЕ денес има 60.000 гласови повеќе од СДСМ!

На Стево Пендаровски не му пречи кога кандидатот Блерим Река порачува: Ако си Албанец гласај за мене. Тоа е племенска, етничка политика. Кога Блерим Река вели Албанци мора да бидат дел од специјалните воени едници кои се под команда на претседателот на Македонија. Колку Македонци работат на Тетовскиот универзитет?

На Стево Пендаровски не му пречи што неговиот коалиционен партнер Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците извикува дека ова е каурска држава. Каурска.

На Стево Пендаровски не му пречи договорот со Бугарија според кој и Гоце Делчев и Даме Груев се Бугари. Според Стево нашата химна со Гоце и Даме е – бугарска химна која воспева бугарски херои. Можеби затоа и не ја пуштаат од владата, за да не се тревожат Бугарите.

На Стево Пендаровски не му пречи Зијадин Села, неговиот коалиционен партенр во власта, кој на телевизија изјави дека Македонците се канибали и варвари кои ги протеруваат автохтоните народи од оваа територија. Од територија, не сме ни држава според Зијадин.

На Стево Пендаровски и СДСМ им пречи Мицковски кога извикува: Ова е Македонија!

Села изјави дека Албанците никогаш нема да се откажат од бинационална држава. Деновиве градоначалничката од Тетово, Теута Арифи, најави заедница на албанските општини во Македонија. Тоа е веќе федерализација. Таа од ДУИ, дел од власта на СДСМ. Тоа е следниот чекор на оваа власт, федерализација. На крај ќе остане уште пресуда за македонски геноцид врз Албанците, и со тоа е исполнета Тиранската платформа.

Стево Пендаровски, на ТВ дуелот на МТВ деновиве, му се вовлекуваше на противкандидатот Блерим Река до ниво од кое на гледачот му се гади. Му е срам да го гледа тоа. Но, Стево е полицаец по биографија, или го газат или гази врз некого.

Кога дојде редот на таа ТВ дебата за прашања на кандидатите еден до друг, Стево со неговиот познат окез на понизност и лигавост рече дека не би имал што да го праша Блерим Река. Да не му згреши нешто, па да не го налути. Бљак. Лигаво.

Познато е дека Антонио Милошоски на европски собир го прешкртал Северна пред Македонија. Стево Пендаровски за атер – би ја прешкртал Македонија.

Транзициските жртви, татковците, згрешија и се уште плаќаат за тоа. Нивните деца ја проголтаа измамата за Северна. Време е за одмазда, и тоа со пенкало. И едните и другите, конечно, заедно и на иста задача – да гласаат, да го симнат од себе срамот на губитници  и продолжат заедно како победници.

Игор Дурловски на митингот на ВМРО запеа: Денес над Македонија се раѓа... Има надеж.

(15.04.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата