НЕМА ДАТУМ ВО ЈУНИ: „Ако не се случи во јуни, ќе се случи во септември“, вели Ахмети

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕМА ДАТУМ ВО ЈУНИ: „Ако не се случи во јуни, ќе се случи во септември“, вели Ахмети

На прашањето за се попесимистичките сигнали за добивање датум за преговори со ЕУ, партнерот број еден на владината коалиција, Ахмети, вели дека доколку не добиеме датум во јуни, ќе добиеме во септември.

„Ако не се случи во јуни ќе се случи во септември, но многу важен процес е и треба да работиме во правец на забрзување за спроведување на стандардите кои не доближуваат до ЕУ, особено владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Али Ахмети – лидер на ДУИ.

Доколку земјава во јуни не добие датум за преговори, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски бара Заев, Османи и Димитров да преземат политичка одговорност за една цела изгубена година.

Сега само доколку се подобрат и спроведат во пракса владеењето на правото и реформите во администрацијата, според опозицискиот пратеник, може да се очекува со оптимизам  почеток на преговорите додека Хрватска претседава со ЕУ во 2020 година.

Пред еден ден, ТВ21 цитираше анонимен германски пратеник кој посочил дека “Германија ќе даде поддршка за членство во ЕУ, но дека одлука за датум за преговори во јуни нема да има, бидејќи, според него, Европа има многу поважни теми. Наспроти тоа, претставниците на Владата зборуваат со оптимизам, повторувајќи го ставот дека Северна Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите.

Извор: Тв21

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата