Таа е МУЗА ИЗ ПАРИЗА, а тој РЕЖИСЕР и ќе прави филмска ѕвезда од неа (ВИДЕО)

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таа е МУЗА ИЗ ПАРИЗА, а тој РЕЖИСЕР и ќе прави филмска ѕвезда од неа (ВИДЕО)

Зошто „Муза из Париза“ е совршена муза?

Затоа што не се врзува за фустани и брендови, туку за накит! И зашто ја венчале дури 5 попови!

- Сакам луксуз на начин тоа да биде вкусно. Не сум љубител на големи брендови, сакам да се чуствувам како бренд сама по себе и да инспирирам, не да копирам. Кога сама ќе се искреирам ми е најдобро. Имам и од Карл Лагерфилд, Шанел, Луи Витон

Константин нема материјални потреби, живее за љубовта на Марија. Кога ќе ја замисли како глумица, секојпат и купува нов пар наочари за сонце.

Он има озбилни намери да режира, и уште поозбилно сака од неа да направи филмска ѕвезда.

- Од богатото Си-Ви на Марија, вреди да се спомене и соработката со Игор Џамбазов на Бингото – кога се спојуваа два лика на шпицата – тоа беа на Игор Џамбазов и на Марија, вели Константин.

Тој и напишал љубовно писмо, таа мислела дека го пишувал татко му. Имаат шофери и во Скопје и во Париз и така натака....

Тој ја запросува секојпат кога таа ќе му дозволи, бидејќи тоа го прави среќен.

- За неговата совршена романтична култура виновен е Париз, вели Марија.

Ваква љубов досега немало.

Марија има тим на стилисти кои се грижат да изгледа вклопена во средината, а за овој стајлинг аплаузите одат за Билјана Каран.

- Во Париз сме егзибиционисти, одиме на места каде што оди Ким Кардашијан и не се плашиме да се преставиме. Знсеме да одиме на места каде што одат само милионери. Зрачиме со таа убавина што никој не не издвоил дека не сме џетсетри, вели Марија.

Таа му помага на Константин во стилското изразување, тој има прочистен европски стил во кој таа се заљубила.

Имаме повеќе заеднички домови, во Париз има посебна сензуалност домот, заради сликите од Киро Урдин, како во музеј, вели Константин.

Ја гледам како муза која сакам да ја преставам на филмското платно, сериозно, вели Константин.

- Се сеќавам кога ја видов на преставата Галеб во режија на Остермаер, излегов од салата со многу големи импресии од режијата на Остермаер на тој текст од Чехов и ја видов Марија, тоа беше еден миг, траеше 3-4 секунди, беше како нешто што е вонвременско, немав желба да продолжам да живеам без неа, вели Константин.

Марија вели дека никогаш не се расправаатпо дома и дека се им е розево.

- Кога шеташ низ Париз се е розево, волшебно е. Тој ми вели дека сум најубавата жена во космосот, сродни души, вели Марија.

- Марија ми го кажа насловот за текстот што го пишував за конфликтот меѓу Македонија и Грција - Забранета љубов, вели Константин.

Тоа е се што треба да знаете за ова интервју во пар на Марија Пијанманов, ќерка на Жан Пијанманов и Константин Плевнеш, син на Јордан Плевнеш.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата