Охриѓанец падна во непристапен терен кај Канео

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охриѓанец падна во непристапен терен кај Канео

Педесетиседумгодишен охриѓанец вчера попладне паднал во непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“ во Охрид. Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото.

Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. 
 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата