Светското првенство полека ја добива својата завршница, вечерва ќе биде познати полуфиналните двојки. Бранителот на титулата, Данска во четвртфиналето ќе се сретне со домаќинот на Мундијалот, дуелот е закажан со почеток во 17:30 часот.

Ова Светско првенство ќе го паметиме по бројни скандали, лошата организација. Ако кога сме кај скандалите на врвот на листата е публиката. Иако поради Ковид-19 има забрана за присуство на навивачи, сепак за средбите со Египет, има добра бројка, на отварањето имаше околу 1.000 навивачи.

Па токму затоа Микел Хансен, кој по вирусот се враќа на терените даде интересна изјава.

„Можеби треба да бидам изненаден, но не сум. Не се надевав дека ќе видам околу 1.000 фанови на трибините, нема да бидам изненаден ако против Египет наеднаш се појават околу 5.000 навивачи“, изјави Хансен.