Вардар 1961 се враќа на терен, како загревање за пеколниот распоред во Лигата на шампиони, се мечевите во СЕХА-лига. Прв тест по подолго време за македонскиот клуб е Војводина, дуелот се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

Искусното крило на Вардар 1961, Гоце Георгиевски вели дека победа против Војводина ќе биде увертира за она што ги чека.

„Не очекува меч против Војводина во СЕХА-лига, прв после два месеци, се подготвуваме како и за секоја противник, малку сме редуцирани поради обврските на репрезентативците, затоа ни е потешко да ја составиме екипата, но важно е дека сите сме здрави нема повредени играчи. Ќе чекаме да ни се приклучат и останатите играчи кои имаа обврски кон репрезентациите.

Ќе бидеме доволно подготвени за Војводина, станува збор добар и квалитетен противник, тие одиграа еден меч пред Нова Година, имаат квалитетни играчи. Ако го одиграме она што ќе го договориме на тренинзите и видео-анализите би требало да извојуваме победа која треба да биде увертира пред преколното темпо во фервруари во ЛШ, особено пред Порто. Ако останеме сите здрави можеме да се надеваме на добри резултати“, ијзави Георгиевски.