Хувентуд продолжи перфектно во Топ 16 фазата во Еврокупот, и тоа благодарение на Ненад Димитријевиќ. Тимот од Бадалона на домашен терен го совлада Монако со 79-72 во битката за лидерското место во групата Е. Со оваа победа четвртфиналето стана реалност.

Репрезентативниот плејмејкер беше прв стрелец во редовите на Хувентуд. Благодарение на неговата добра игра во првиот дел, шпанскиот тим во втората четвртина успеа да го превземе водството, дојде на плус 12 (35-23) во втората четвртина. Сепак не успеа да ја сочува на одморот беше 38-40 за Монако.

Хувентуд триумф го обезбеди во третата четвртина (23-15), до крајот не дозволи нов пресврт.

Нено зад своето име запиша 22 поени, имаше 100% реализација за три поени (3/3), од поле реализираше пет од осум, додека од линијата за слободни фрлања имаше едно промашување (3/4). За 30. минути во игра додаде три скока, две асистенции и три загубени топки.