Австриецот Марко Шварц е победник на ноќниот слалом во Шладминг со време од 1:44.04 минута. Втор беше Французинот Климент Ноел (+0,68), а третото место на подиумот го освои уште еден Французин, Алексис Пинтуро (+0,82).

Во генералниот пласман во Светскиот Куп, лидер е Французинот Алексис Пинтурап со 800 поени, пред Швајцарецот Марк Одермат со 607. Марко Шварц е на врвот на слаломската ранг-листа со 389 бодови, пред неговиот сонародник Мануел Фелер (324).