Тренерот Жељко Бабиќ на Е.Пелистер очекува полека да го комплетира ростерот со враќањето на повредените ракометари и учесниците на Светското првенство во Египет. Од таборот на битолскиот состав известија дека  Бојан Маџовски со терапија го лекува скршениот прст на пријателскиот натпревар против Чиле пред Мундијалот, негово враќање се очекува кон средината на следниот месец.

Мартин Велковски и Марио Танкоски денеска ќе направат магнетна резонанца, откако со болки се вратија од во Египет. Од резултатот на снимката ќе се знае нивното враќање во тимот.

Томислав Кушан работи индивидуално со помошниот тренер Божидар Мојсов во Битола и се очекува деновиве да се приклучи кон тренинзите со екипата.