Во Пеќ заврши и втората пријателски средба меѓу екипите на Беса и на Металург. Заврши со победа на косовскиот шампион, кој не совлада со резултат 29:25 (13:12). Вчера, Беса и Металург го одиграа првиот меѓусебен натпревар, кој заврши нерешено 33:33.

И на оваа средба, без резултатски императив, тренерите го искористија времето и расположливите ракометари за воигрување на своите тактички варијанти и за постепено билдање на формата пред претстојните предизвици во продолжението на сезоната.

Металург се враќа Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките во својата сала „Автокоманда“.

За три дена, на 29 јануари, следува контрола против екипата на Тиквеш, а на 6-ти февруари стартуваат обврските во Лига Европа. Идниот месец Металург го очекуваат дури шест натпревари во ЛЕ.