По третпат во историјата, Атлетик Билбао го освојува шпанскиот Суперкуп. Во финалето во Севиља вечерва, Баскијците се изборија за победа над фаворитот Барселона со 3:2 во дополнителните 30 минути, откако во регуларниот дел средбата заврши нерешено 2:2.

Барселона во последната минута од регуларниот дел имаше предност од 2:1, но по едно уфрлување во шеснаесетникот на Тер Штеген, Вилалибре ја затресе неговата мрежа, израмни на 2:2 и го однесе мечот во продолженија.

Таму, Атлетик Б. во 94. минута со неверојатниот погодок на Инаки Вилијамс поведе со 3:2, предност која ја задржа до крајот и успеа по третпат во историјата да го освои трофејот.

Во регуларниот дел од мечот, барселона двапати водеше со головите на Антоан Гризман, додека Атлетик се враќаше за реми со головите на Де Маркос и Вилалибре. Во завршницата од мечот, поради удар со лакт, Меси заработи директен црвен картон.