Манчестер Сити на Пеп Гвардиола лесно и убедливо славеше над кристал Палас со 4:0 и се проби на второто место на табелата во англиската Премиер лига со два бода помалку од градскиот ривал Јунајтед, но и меч помалку во однос на тимот на Оле Гунар Солскјер.
Вечерва на својот стадион момците на Пеп Гвардиола го имаа фантастично расположениот Џон Стонс кој постигна два гола во гостинската мрежа во мечот во кој „граѓаните“ имаа тотална доминација. Еден гол за „сините“ постигна и Гундоан, а последниот од слободен удар беше дело на рахим Стерлинг.
Ова беше 10-та победа за Сити оваа сезона, а веќе следното коло Пеп и неговите момци можат да атакуваат и на лидерското место во Премиер лигата.