Шпанија во борбен, интересен и неизвесен натпревар, сепак успеа да слави победа и да освои два бода против квалитетниот состав на Полска со 27-26 (14-11) во натпревар од групата “Б“.

Некако “фуријата“ успеваше да се одлепи на моменти, но Полска секога успеваша да ја стигне таа разлика. Сепак на крајот Шпанците во финишот успеаја средбата да привршат како што посакуваат. На десетина секунди до крајот Шпанија имаше еден гол предност и топка, и успеа со активен напад да ги “потроши“ секундите, Полска не доби шанса да добие последен напад како евентуално би израмнила. Сепак Шпанија е преискусна и успеа да победи. За оваа репрезентација играа и екс – вардарците Македа, Кањелас и Алекс Душебаев.

Данска немаше никакви проблеми против симпатичната селекцијата на Конго и успеа да победи со 39-19 (23-10). Не треба да кажуаме дека и Данците одат понатаму, инаку овој натпревар со Конго беше во групата “Д“.

Унгарија просто си поигруваше со селекцијата на Уругвај, на крај славеше со 44-18 (16-8), во меч од групата “А“. Со оваа победа Унгарците ставија печат на пласманот во следната рунда.