Голем скандал ја тресе соседна Србија откако актерката Милена Радуловиќ обелодени дека режисерот Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала 17 години и сега тој е уапсен.

Имено Алексиќ  кој е познат режисер, сценарист и учител по глума наводно силувал повеќе ученички од неговата школа и сега се сочува со законот.

Тие го обвинуваат за силување или сексуално вознемиување, објавија српските медиуми.

Алексиќ е познат со децении како расадник за актерски таленти од неговото училиште за глума.

Познатата млада српска актерка Милена Радуловиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување, додавајќи дека таа не е единствената, туку дека има уште пет девојки, од кои некои се малолетни, кои го пријавиле во полиција за истото дело.

Ова е монструозна мрежа интелигентно составена во највисокиот круг на општеството, уште од најраните години спакувана во најблагородните форми на уметност и религија на човек кој чекор по чекор знае што прави и со претчувство доаѓа до целта“, изјави Милена Радуловиќ во интервју за српски „Блиц“.

Таа откри дека Алексиќ првпат ја силувал кога имала 17 години, како ученичка во неговата школа и тоа се повторувало повеќе пати.