Македонската одбојкарска репрезентација повторно е дел од европскиот „крем“. Одбојкарите со победата над Турција се пласираа на собирот на најдобрите европски селекции.

Со песната „Бисер балкански“ и со оро на теренот, македонските одбојкари го прославија овој голем успех.

Традиционално, после секој успех, следуваше и победничкото „селфи“.