НАЈМОЌЕН! Ова е новиот Samsung Galaxy S21 Ultra

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈМОЌЕН! Ова е новиот Samsung Galaxy S21 Ultra

Samsung го претстави Galaxy S21 Ultra, водечки уред за 2021 година кој носи супериорно корисничко искуство што целосно го менува концептот на паметен телефон. Galaxy S21 Ultra е опремен со професионални технологии за камера, најинтелигентен дисплеј и одлични перформанси.

Она што е специфично за Galaxy S21 Ultra паметниот телефон е можноста да се користи S Pen пенкалото, со што S21 Ultra е првиот Galaxy S уред што нуди поддршка на пенкалото за максимална продуктивност и креативност

„Galaxy S21 Ultra е одличен пример за тоа како Samsung своите иновации ги посветува на корисниците, така што тие можат да го збогатат своето секојдневие според сопствениот животен стил.

Без технологија денес не можеме нормално да функционираме и да останеме поврзани, затоа со овој уред сакаме да направиме чекор напред и да ги поместиме границите на она што е можно со паметните телефони.“, рече Тим Рох, претседател и директор за мобилни комуникации, во компанијата Samsung.

Galaxy S21 Ultra е најновото поглавје во децениската долга традиција на S серијата во донесувањето на најсовремените иновации.

Посебен елемент на Galaxy S21 е секако новиот пристап кон дизајнот на паметниот телефон, кој го носи карактеристичното Contour Cut куќиште за камера, кое неприметно се вклопува во металната рамка на уредот, за елегантно и впечатливо естетско чувство.

Galaxy S21 Ultra е достапен во фантомска црна и фантомска сива боја, а целиот уред е обложен со луксузно матиран завршен слој за особено софистициран изглед. Galaxy S21 Ultra е најголемиот уред во Galaxy серијата досега, со Dynamic AMOLED 2X дисплеј од 6,8-инчи.

Новитет е секако и можноста корисникот да не мора да бира помеѓу Quad HD+ квалитетот на дисплејот или брзината на освежување од 120 Hz – сега овие две компоненти се достапни истовремено. Брзината на освежување на екранот варира во зависност од содржината на опсегот од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и заштеда на енергија од батеријата.

Кога ќе го споредиме со претходниот модел од Galaxy S20 серијата, S21 Ultra е опремен со сијалици кои светат за 1500 нити повеќе, т.е. 25 проценти помоќно, што е најсилно на Galaxy паметните телефони досега. Екранот е унапреден и со подобрен сооднос на контрастот од 50 проценти за кристално чист и јасен приказ, дури и кога уредот се користи на отворено. Како и Galaxy S21 и S21+, S21 Ultra е опремен со опции за намалување на заморот во очите.

Samsung секако својот фокус го насочи кон можностите на камерата, поради што Galaxy S21 Ultra доаѓа со бројни опции засновани на вештачка интелигенција за снимање на врвни видеа и фотографии од студиски квалитет.

Galaxy S21 Ultra доаѓа со четирикратна задна камера која се состои од ултра-широка, широка и двојна теле-фото камера. Камерата е опремена со про сензор од 108 MP, со кој е можно да се сликаат 12-битни HDR фотографии со 64 пати повеќе богатство на бои и три пати поширок динамички опсег.

Со Galaxy S21 Ultra, сега за прв пат во историјата на паметните телефони е можно да се снима видео во 4K квалитет со 60 FPS, што вклучува и предна и задна камера. Дополнително, можно е секоја слика да се уреди до најситните детали со помош на RAW датотека од 12 бити.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата