Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден

Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на настанот.

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави „Ројтерс“.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Комитетот додаде: „Инаугурацијата … ќе го покаже отпорот на американскиот народ, херојството и обединетата посветеност да се собереме заедно како нација за да се излекуваме и да работиме на обновувањето“.

Програмата ќе се емитува на телевизиите „Си-би-ес“, „Еј-би-си“, „Си-ен-ен“, „Ен-би-си“, МСНБЦ и ќе се емитува на Јутјуб, на Фејсбук, на Твитер и на некои други онлајн платформи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата