ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ОСУМТЕ ТИНЕЈЏЕРИ ВО БиХ: Од викендицата на смртта се спасило само едно момче

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ОСУМТЕ ТИНЕЈЏЕРИ ВО БиХ: Од викендицата на смртта се спасило само едно момче

Две недели по новогодишната ноќ официјалните лица ја соопштија причината за смртта на осумте тинејџери од Посушје во БиХ за кои забавата заврши кобно. Имено, момчињата и девојките според направените лабораториски анализи починале заради труење со јаглерод моноксид. 

- Утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интоксикација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносна, е резултат на анализата на нивната крв, изјавиле за порталот Радиосараjево од босанското обвинителство.

Во новогодишната ноќ, во страшна трагедија во Трибистово во општина Посушје загинаа Иван Миличевиќ (роден на 29.08.2001), Стипе Ромиќ (роден на 27.09.2001), Мирела Резо (роден на 8.09.2001) Шана Павковиќ (родена на 15 септември 2001 година), Миа Солдо (родена на 4 август 2001 година), Стипе Павковиќ (роден на 22 септември 2001 година) Марија Павковиќ (родена на 16 април 2001 година), Стјепан Јукиќ (роден на 9 август 2001 година).

Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое ја избегнало трагедијата само затоа што порано си заминало од забавата бидејќи следниот ден требало да оди на работа во блискиот ски-центар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата